Ѕвездата од реалните шоуа, Ким Кардашијан пушти во продажба своја линија маски за лице, коишто беа распродадени во рекордно време.
Според западните медиуми, маските се немедицински. Тие се провидни и растегливи, дизајнирани за носење преку целиот ден и наменети се за повеќекратна употреба.
Кардашијан на својот Твитер-профил, само неколку часа по објавата на новиот производ, соопшти дека колекцијата е распродадена.
– Работиме со партнер од Лос Анџелес, за побрзо да се произведат нови маски, додава таа во објавата.