Британски шминкер сонувал да личи на Ким Кардашијан, заврши во болница со инфициран задник

Од:

24-годишниот шминкер од Велика Британија, Џордан Парк, е познат по тоа што на сите можни начини се обидува да изгледа што е можно повеќе како американската старлета Ким Кардашијан. Сепак, мисијата на Парк не е без потешкотии и предизвици – тој во моментов е во болница откако целата десна страна од задникот му се инфицирала по една процедура за зголемување.

„Кралот на естетските операции“, кој наводно потрошил преку 150.000 долари за својот сон, на Инстаграм напиша дека лекарите му ја исчистиле раната, но дека инфекцијата не се смирила и покрај тоа што пие антибиотици.

„Температурата ми варира, па не се чувствувам најдобро. Не знам колку ќе ме задржат во болница, но фала ви на сите на прекрасните пораки“, напиша Парк.

Неговата опседнатост со Ким Кардашијан почнала во 2007 година, кога како 10-годишно дете почнал да ја гледа емисијата „Keeping Up With the Kardashians“. Парк во последните четири години направил голем број операции – филери за усните, брадата и задникот, ботокс и тетовирање на веѓите, а и претходно имал проблеми поради интервенциите, како осипи и загноени рани.

Би можело да ве интересира

Ким Кардашијан е обвинета за еко-тероризам

Ким Кардашијан и Канје Вест не планираат да живеат заедно, бракот им е „практично завршен“

Жарко Настоски

Шоуто „Кардашијанови“ го најави својот крај

Ана Ололовска

Ким Кардашијан претстави своја линија маски за лице

Ана Ололовска

Ким Кардашијан позираше во новата колекција за долна облека на брендот Скимс

А1он

Ким Карадашијан и Канје Вест очекуваат четврто дете

А1он