Синдикатите и здруженијата незадоволни од третиот пакет мерки на Владата

Од:

Третиот пакет мерки наместо еднократни „дарови“, требаше да содржи покрупни, системски промени, во насока на градење на посолидарно општество, кое повеќе ќе се грижи за работничките, работниците, сиромашните и сите други обезгласени и обесправени, порачуваат неколку здруженија и синдикати во рекација на вчера објавениот пакет мерки од Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

-Потребни се промени и во системот на социјална заштита (да се прошири и зголеми), и во поглед на заштитата на работниците (пред сè, прекарните и оние со договори на определено), и во поглед на функционирањето на државните институции (инспекторатите, судовите и сл), и во поглед на јавните финансии (прогресивен данок). Без вакви подлабоки системски промени, нема да бидеме подготвени за други вакви кризи. Овие барања постојано ги истакнуваме во изминатиов период, дел од нив доставивме претходно до Владата, дел објавивме во нашиот Првомајски проглас, но Владата постојано се оглушува на нив, се вели во реакцијата.

Го изразуваме нашето несогласување, се додава, од третиот пакет мерки кој го претстави Владата вчера, за кој кажа дека е донесен на инклузивен начин и дека е усогласен и со синдикатите.

-Точно е дека Владата нè информираше за пакетот пред тој да биде јавно објавен, но никако не може да се рече дека е тој усогласен со нас, бидејќи ниедна од нашите забелешки не беше прифатена, велат од синдикатите и здруженијата.

Особено сме незадоволни, посочуваат, од мерката за паричен надоместок од само два месеца за лицата кои ја изгубиле работата за време на кризата, затоа што Владата не го испочитува договорот кој го
постигнавме на состанокот на 30 април, кога се договоривме овие лица да бидат опфатени со
системското решение за осигурување во случај на невработеност, односно, да добиваат
надоместок во временски период кој зависи од нивниот стаж, а не само од два месеца.

-Со тоа што Владата не си остана на зборот, само покажа колку ги почитува работничките и работниците, и синдикатите како нивни застапници, потенцираат од здруженијата и синдикатите.

-Потребни се промени и во системот на социјална заштита (да се прошири и зголеми), и во поглед на заштитата на работниците (пред сè, прекарните и оние со договори на определено), и во поглед на функционирањето на државните институции (инспекторатите, судовите и сл), и во поглед на јавните финансии (прогресивен данок). Без вакви подлабоки системски промени, нема да бидеме подготвени за други вакви кризи. Овие барања постојано ги истакнуваме во изминатиов период, дел од нив доставивме претходно до Владата, дел објавивме во нашиот Првомајски проглас, но Владата постојано се оглушува на нив.

Како конкретни забелешки истакнуваат дека со пакетот се предвидуваат многу повеќе средства за фирмите отколку за граѓаните (околу 3 пати повеќе) што,според нив, достојно ги отсликува приоритетите на Владата, односно, покажува дека таа многу повеќе се грижи за профитите на компаниите отколку за животите и здравјето на луѓето.

-Мерките кои ќе се реализираат преку платежни картички се подложни на малверзации во врска
со набавката и изработката на тие картички. За тоа најверојатно ќе треба да се спроведат
тендерски постапки и да се издвојат народни пари, што отвора простор за корупција. Сметаме дека
во 21-иот век постојат многу поедноставни и поелегантни начини за реализација на вакви мерки,
без непотребни јавни набавки. Сакаме да потсетиме и дека некои претходни влади имале слични
идеи за национални платежни картички, и дека тие идеи секогаш неславно завршувале, велат од здруженијата и синдикатите.

Мерката за викенд без ДДВ, потенцираат, ја сметаме за проблематична по повеќе основи – може да направи гужви по продавниците, со тоа и ширење на коронавирусот, може да се злоупотреби од одредени
фирми во насока на легализирање на претходно направен нерегистриран промет и сл.

-Сметаме дека наместо оваа мерка, подобро е државата да даде директна финансиска поддршка на
погодените граѓанки и граѓани, велат од здрженијата и синдикатите..

Сметаме, посочуваат, дека предложените мерки не треба да прават разлика меѓу вработените и
невработените лица.

-На многу од вработените лица не им беа исплаќани плати за време на кризава, или пак им беа исплаќани пониски плати, па тоа што биле формално вработени нема некое големо значење за нив. Предлагаме условот за добивање на еднократниот надоместок од 9.000 денари и ваучер за туризам од 6.000 денари да биде врзан со просекот на примања на граѓаните во последните три месеци од траењето на кризата, односно право на наведените надоместоци да имаат граѓаните кои во последните ти месеци во просек имале пониски примања од 15.000 денари месечно, посочуваат од здруженијата и синдикатите.

Нагласуваат дека сметаат оти како што се обезбедуваат бескаматни кредити за фирмите, треба да се
обезбедат бескаматни кредити и за граѓаните.

-Граѓаните останаа да плаќаат високи камати на банките (одложено, но сепак ќе ги платат), што е неправично, велат од здруженијата и синдикатите и потенцираат дека сметаат оти наградата за здравствените работници треба да биде повеќе од 20 отсто и подолго од два месеца, односно до крајот на 2020 година и да ги опфати сите здравствени работници, а не само тие што се наведени.

Рекацијата е потпишана од Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Независен академски синдикат (НАкС), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС), Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“, Левичарско движење „Солидарност“, ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена и Субверзивен фронт.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Владата и Синдикатите постигнаа договор, платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Синдикатите на преговори: Работникот бара 100 евра покачување, а не 600 денари како што нуди Владата

A1on