ВИДЕО: Се урива бетонскиот ѕид изграден на Охридското Езеро

Од:

По бурните реакции од страна на граѓаните, медиумите и еколошките здруженија, во Охрид од утрово е почнато уривањето на бетонскиот ѕид т.н. парапетче, кое беше изградено на брегот на езерото. Неофицијално, инвеститор на градбата била фирмата „Самар тајм експорт-импорт Љубаништа“, која, според Централниот регистар, е основана и управувана од извесен Сашо Мојаноски.

Фирмата со механизација и работници постапува по решението издадено од Општина Охрид по увидот направен пред два месеца. Но, останува непознато како механизацијата се пробила до местото на кое е изграден бетонскиот ѕид што сега се урива бидејќи теренот е непристапен, па оттука се претпоставува дека таа се носела преку езерото. Работниците, пак, го вадат бетонот со бормашини.

„Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина утрово извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот не постапил во согласност со издаденото решение за отстранување“, информира и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.Градежен, комунален…

Posted by Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид on Понеделник, 18 мај 2020

Иако дивоградбата се отстранува, останува неодговорено прашањето дали за бесправната градба ќе биде поднесена и кривична пријава до Обвинителството против инвеститорот. Градбата се наоѓа во автокампот „Градиште“.

Изградбата на бетонскиот ѕид е во период кога Охрид се бори да го зачува статусот на УНЕСКО-подрајче, а кој е доведен во прашање поради нелегалните градби, кои се над илјада во градот.

Државната комисија за спречување корупција ќе побара од Владата да ги преземе сите активности за им ги одземе ингеренциите на Општина Охрид и Општина Струга и таа да ги урива дивоградбите, соопшти претседателката Билјана Ивановска минатата недела. 

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот