Од скринингот во градинките кај 581 вработен, еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола

Од:

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скрингот во градинките и сите се негативни.

Од нив, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и 6 лица од Велес, со што практично започнува и тестирањето на вработените во градинките во Велес. Преку лабораторијата на МАНУ тестирани се и 72 вработени во скопските градинки.

Согласно денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен позитивен случај на Ковид-19, a сите останати тестирани лица се негативни на вирусот.

Во Битола, за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките, каде е регистриран и единствениот позитивен случај на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење