(ВИДЕО) Граѓаните не се плашат да одат на летување: Едвај чекаме да ги отворат границите

Од:

Моменталната состојба со коронавурсот ги отвори дилемите и во однос на летните одмори – да се летува или не, надвор од државата?

Додека дел од граѓаните одлучиле да се откажат од летниот одмор иако им бил планиран, други цврсто стојат на ставот дека не треба да се лишат од летените одмори. Најголем дел од граѓаните во анекетата на „А1он“ изјавија дека ќе заминат на летување во Грција.

Тие велат дека во јули и во август ќе нема опасност од коронавирусот поради високите температури.

„Секако дека ќе отпатувам на одмор, тоа би било кај нашиот јужен сосед Грција. Сметам дека во летните месеци нема да има некаква опасност од ширење на коронавирусот и нема потреба од страв и паника“, ни рече еден од анкетираните.

„Да, планирам или Грција или Албанија…Сега можеби ќе има мала опасност, но ќе држиме дистанца, ќе ги почитуваме мерките како што се пропишани за заштита од вирусот и тоа е тоа. Таква е реалноста“, ни изјави граѓанин.

„Едвај чекам да ги отворат границите и прва можност ја користам да патувам за Швајцарија. Нема никаква опасност не верувам ниту дека постои вирусот, тоа е измислена работа“, одговара трет.

Мал дел од анкетираните скопјани се уште размислуваат дали би се одлучиле да ваков чекор и се уште стравуваат дека може да се заразат од вурусот на некоја од плажите.

„Не е време за патување, се уште не ставена под контрола епидемијата. Лично не би се одлучил да патувам во странство, не ова лето. На одмор можеби би заминал евентуално тука во државата, Берово, Маврово или Охрид“, изјави еден скопјанец пред камерата на „А1он“.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Каде на одмор во октомври по поволни цени?

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Како да „преживеете“ на над 40 степени: препораки на фармацевтите за топлотниот бран

A1on