Поради зголемениот број заболени од Ковид-19, во Врање повторно е отворена ковид 2 болницата, која беше затворена кон крајот на април. Од вчера, таму се примени 52 пациенти. Кризниот штаб донел одлука дека на јавните места задолжително треба да се носи заштитна опрема.
Директорката на Здравствениот центар, Лилјана Антиќ за РТС изјавила дека новите пациенти се контакти на вработени во две приватни фирми.
Потешка клиничка слика имаат шест пациенти, а останатите се со лесни, или пак немаат никакви симптоми.
Зголемен е и бројот на тестирања, пред се на вработените во двете компании, за производство на мебел и на чевли.
Кризниот штаб во Врање донесе одлука никој на јавните места, маркетите, кафулињата, да не смее да се појави без заштитна маска и ракавици, а граѓаните мора да држат физичка дистанца.
Истовремено, засилени се и инспекциските надзори.