Грција: Ештон во Скопје побара решавање на прашањето за името без одложување

Од:

Сите грчки медиуми јавија за посетата на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК Кетрин Ештон на Македонија, засега без коментар.

Најважно од престојот на Ештон во Скопје за грчките медиуми е тоа што таа ја истакнала важноста од зајакнување на добрососедските односи и изнаоѓање решение за прашањето за името за да се овозможи напредок во евроинтеграцијата на земјата, јави дописникот на МИА од Атина.

Засега во Грција нема коментари по вчерашното објавување на пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија. Нема ниту збор дека Комисијата цврсто стои зад препораката до Советот од октомври минатата година за отворање на пристапните преговори со Македонија.

Некои медиуми само јавуваат дека еврокомесарот Филе изјавил оти во извештајот стои дека ЕУ одблизу ја следи имплементацијата на политичкиот договор од 1 март меѓу Владата и опозицијата и истакнал дека се уште не функционира Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.

Провладиниот весник „Катимерини“ само коментира дека „позитивен извештај на ЕК ќе ги искомпликува работите за Атина, но не значи автоматски дека Европскиот совет ќе ја прифати препораката на Комисијата“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски