ВИДЕО: Бескаматни кредити, неповратни грантови, помош за стартап бизниси се дел од новите мерки на Владата

Од:

На мерките од претходните два пакета наменети за поттикнување на економијата погодена од Ковид-19, Владата го додаде и третиот сет мерки за стопанството со цел зачувување на постојните и отворање на нови работни места. Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, соопшти дека сетот мерки содржи и бескаматни кредити за фирми кои ќе се доделуваат преку развојната банка на држава во вредност од 31 милион евра, но и долгорочен закуп на пасишта, помош на земјоделци, кредити за стартап бизниси.

„Овие средства ќе бидат поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисот. Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали претпријатија, а истата ќе понуди и 30% гранд, неповратни средства, за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење. Државна гаранција за комерцијални кредити за поддршка на старт-ап и мали, микро компании. Државата става на располагање финансиски средства од 125 милиони евра на извозно ориентирани компании за поддршка и преземање на дел од ризикот за комерцијалниот кредит. Гаранција за обезбедува не царинскиот долг, за поголем извоз и полесен пристап до суровините за домашните компании. Со гаранцијата за обезбедување на царинскиот долг, го поддржуваме извозот и го олеснуваме пристапот за суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра преку развојната банка на државата“, соопшти Спасовски.

Владата усови и мерки за приватниот сектор и негова модернизација, со цел да се зголеми конкурентноста. Со мерки се стимулираат и нови бизниси, а финансиска поддршка ќе се доделува и за организација на конференции и обуки.

„Нови 25 милиони евра за приватниот сектор за приватниот сектор, за нови пазари, за конкурентност и модернизација. Согласно Законот за финансиска поддршка, со 25 милиони евра, преку програмата за зајакнување а конкурентноста и помагаме на компаниите за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкретност, како и модернизација на процесите. Со финансиска поддршка од 1 милион евра, ќе им помогнеме на текстилните компании за развој на домашните стант-ап продукти преку ФИТР. Новите 1,6 милиони евра, за развој на иновативни продукти и услуги како и трансформирање на македонското туристичко село во скопско Нерези во македонско старт-ап село. Директно ќе стимулираме нови сопствени бизниси. Кофинансирање на настани и конференции со 50 проценти финансиска поддршка од државата најмногу до 30 илјади денари. Со финансиска помош од 245 илјади евра, ќе им помогнеме на компаниите преку субвенционирање на 50 проценти од трошоците за организација на настани, обуки, конференции, до максимален износ од 30 илјади денари“, рече Спасовски.

Со третиот столб на мерки, директно се поддржуваат и земјоделците за нови приходи.

„Со новиот пакет мерки во земјоделството се вложуваат 76.1 милион евра. Првата мерка е поддршка на аграрниот сектор од по пет милиони евра преку развојната банка. Со пет милиони евра ги поддржуваме микро малите и средни претпријатија, кои вршат примарно производството, преработувачите и извозот на примарните, преработени земјоделски производи. Следува платежната картица за субвенционирање на 50 проценти од зелената нафта за земјоделците. По ланското субвенционирање од 30 проценти, со оваа мерка го зголемуваме субвенционирањето на потрошувачката на зелената нафта на 50 проценти. Оваа мерка ќе опфати 50 илјади земјоделци, а вредноста е 4,6 милиони евра. Воведуваме стимулирање на произведувачите на грозје, за производство а нови продукти. Преку оваа мерка ги стимулираме преработувачите и винариите да произведуваат алхохолен дестилат кој ќе се користи од страна на домашните хемиски компании за производство на средства за дезинфекција. Во следните три години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра. Овозможуваме јавни-приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор. Тоа ќе го направиме со поддршка на модернизирање и ставање во функција на капацитетите во производството на преработка на тутун и грозје со цел посилно развивање на лозарството и тутунскиот сектор“, соопшти техничкиот премиер.

Државата воведе и долгорочен закуп на пасишта, мерка со која предвидува издавање на пасиштата со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500 илјади хектари пасишта за напасување на добитокот.

„Воведуваме програма за финансирање на микро земјоделски компании. Со три милиони евра ќе овозможиме финансирање на старт-ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10 илјади евра за опрема за преработка, но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи. Имаме и мерки за модернизација на земјоделството, која со кредит од Светската банка од 50 милиони евра ќе овозможиме модернизација со цел зголемување на конкурентноста и профитабилнсота“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер