ЕУ директива за чисти возила

Од:

Директивата на Европската Унија позната како „Директива за чисти возила“ донесена од Европскиот парламент и Европскиот совет во јуни 2019 година и која треба да биде пресликана во националните закони на земјите членки најдоцна до 2 август 2021 година предвидува задолжителни минимални таргети за секоја земја членка за чисти лесни патнички и товарни возила, камиони и автобуси до 2025 и 2030 година.

Директивата за чисти возила ги ограничува централните и локални власти во земјите членки на Европската Унија при набавка или изнајмување на возила, така што се предвидени задолжителни квоти за „чисти возила“.

Дефиницијата за чисти лесни патнички или товарни возила е во согласност со Директивата за емисија на CO2 2019/631, според која до 31 декември 2025 година за чисти возила ќе се сметаат сите автомобили или комбиња кои емитуваат не повеќе од 50 грама CO2 на еден километар и до 80 проценти соодветни граници на НОх и цврсти честички во реални услови на возење. По 1 јануари 2026 година за чисти лесни возила ќе се сметаат само автомобили или комбиња со 0 емисија.

Чисти тешки возила се сите камиони и автобуси кои користат некои од алтернативните горива, дефинирани во Директивата 2014/95, како хидроген, електрични на батерии вклучително плаг-ин хибриди, природен гас – CNG, LPG и биометан, течни биогорива, синтетички горива и LPG.

Во однос на чистите автобуси, минималните таргети зависат од бруто-домашниот производ на земјата и бројот на жители, но се движат меѓу 24 и 45 проценти од 2021 до 2025 година и меѓу 33 и 65 проценти од 2025 до 2030 година. Половина од овие чисти автобуси може да бидат на природен гас.

Директивата не ги опфаќа земјоделските и шумските машини. Таа се однесува на сите специјални возила за армијата, полицијата и противпожарните служби, како и специјалните возила кои се користат во градежништвото, пристаништата и аеродромите, но и амбулантните и другите специјални возила, но државите ќе имаат можност да ги исклучат при носењето на своите национални закони.

Европската комисија најавува ревидирање на Директивата во 2027 година, за кога е предвидено поставување нови таргети за по 2030 година.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана