Австрија ги отвора границите и кон Чешка, Словачка и Унгарија

Од:

Австрија од полноќ ги отвора границите кон Чешка, Словачка и Унгарија, со што ќе се олесни патничкиот и товарниот сообраќај.

– Синхронизирано со отворањето на границите со Германија, Лихтенштајн и Швајцарија, сега се укинуваат граничните контроли на здравствените власти и на полицијата на премините со Чешка, Словачка и Унгарија, се наведува во соопштението на австриското Министерство за внатрешни работи.

Тоа значи дека ќе се намалат контролите на здравствените власти и полицијата односно ќе се спроведуваат само по случаен избор, а не како досега да се проверува секое возило.

Австриското МВР наведе дека граничната контрола воспоставени на границата со Унгарија поради мигрантите останува во сила.

Австрија најави и целосно отворање на границите од 15 јуни, но во зависност од епидемиолошкиот развој на Ковид-19.

Во Австрија регистрирани се 16.201 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 629 починаа, а 14.524 оздравеле.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник