Средба Иванов-Ештон: Македонија заслужува датум за преговори со испорачаните резултати

Од:

Евроинтеграциите на Република Македонија – тековниот реформски процес, пролетниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата и очекувањата од претстојниот Самит на ЕУ, биле теми на на денешните разговори во Скопје на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со Кетрин Ештон, Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК.

Во соопштението од кабинетот на Иванов се вели, дека потенцирајќи оти главен приоритет на Република Македонија останува почеток на преговорите за членство во ЕУ, претседателот Иванов ги поздрави и изрази задоволство од оценките од Извештајот на Европската комисија, истакнувајќи дека континуирано испорачувајќи резултати, Република Македонија заслужува да добие позитивна одлука на јунскиот Совет.

– И покрај политичките предизвици со кои се соочивме, постигнавме добри резултати во сите области на кои се однесува пролетниот извештај, континуирано сме посветени на реформските процеси во клучните области, на промоцијата на добрососедските односи со сите наши соседи, и конструктивно учествуваме во напорите за надминување на отворените билатерални прашања, истакна претседателот Иванов потсетувајќи дека заклучоците на Советот од минатиот декември го трасираа патот за можна одлука за почеток на преговори со Република Македонија во јуни оваа година.

Во овој контекст, македонскиот претседател уште еднаш апелираше за поддршка од земјите – членки на ЕУ, за добивање датум за почеток на преговори.

– Тоа ќе биде дополнителен стимул за земјата уште повеќе да се фокусира на исполнување на европската агенда, а со тоа ќе се врати довербата на граѓаните во институциите на ЕУ и нејзиниот кредибилитет, посочи претседателот Иванов.

Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија високо го цени ангажманот на високиот претставник на ЕУ Ештон и на ЕК за продолжување на процесот на проширување на Унијата со земјите од Балканот, посочувајќи дека интеграцискиот процес е клучен за надминување на предизвиците и недоразбирањата во регионот.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Ештон, истакна дека од корист за сите е доколку продолжи интегративниот процес и дека силно ги подржува и охрабрува реформските процеси во нашата земја. Двајцата соговорници позитивно го оценија Извештајот на Комисијата и се согласија за влијанието на европското обединување и интеграцијата за земјите од Западен Балкан илустрирано преку визијата на претседателот Иванов за Пакс Еуропеана.

Притоа, на средбата беа разменети мислења за актуелните случувањата во соседството и регионот, како и за придонесот на Република Македонија во унапредување на добрососедските односи и на регионалната соработка, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on