А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицкоски ги повикува граѓаните парите за летување да ги потрошат во Македонија

by А1он15/05/2020 - 15:221057
Share0

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повикува граѓаните да летуваат во границите на државата, затоа што така ќе се помогнело на стопанството.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Доаѓа летото и многумина од семејствата со право си ги поставуваат дилемите каде би го поминале својот годишен одмор или пак можеби продолжен викенд за релаксација со најблиските. Секој има право на заслужен одмор. Тоа е нешто кое секое семејство го заслужува“, вели Мицкоски.

Според него, секој граѓанин може да помогне да се надмине кризата со тоа што ќе летува во Македонија, на планина или езеро.

„Македонија со својата природа и своето културно и природно богатство има што да понуди. Убеден сум дека покрај тоа што ќе ја истражите и ќе уживате во Македонија, така помагате и на стопанството, придонесувате луѓето да си ги задржат своите работни места, а едно сочувано работно место е заедничка победа, а победите пак се повеќе среќа, подобра заедничка иднина“, вели Мицкоски.

Следете a1on на Youtube YouTube
hristijan mickoskikoronavirus mkdturizam

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 12:56

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 11:06

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Горан Наумовски06/08/2026 - 11:56

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 11:1905/08/2026 - 11:22

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 08:36

Мицкоски: Денес се одбележува споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа!

А1он02/08/2026 - 10:3802/08/2026 - 11:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео