ВИДЕО: Почна состанокот на Советот за безбедност, Владата претходно побара уште 30 дена вонредна состојба

Од:

Почна седницата на Советот за безбедност, на која се разговара за евентуално трето продолжување на вонредната состојба поради коронакризата. Предлогот за трето продолжување на вонредната состојба, која истекува утре, до Советот го доставува Владата, а таа претходно денеска излезе со став дека ќе бара од претседателот Стево Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена, е дел од заклучоците од денешната 53-та владина седница.

Министерот Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 денови или помалку.

– Потребно ни е да се продолжи вонредната состојба затоа што дел од мерките важат само за време на вонредна состојба. Многу е битно тие да важат и натаму. Многу е битно да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми, во однос на рестрикција на движење, уредбите кои важат и така натаму. Потребни ни се инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести ќе можат да се имплементираат преку Владата, рече Филипче.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски оцени дека доколку не се одржат избори во првиот можен рок, ќе треба вештачки да ја продолжуваме вонредната состојба за да имаме функционален систем.

– Ние сме одговорна власт, ако ова трае предолго, ако немаме ние никаков механизам за контрола, тоа е навистина опасно и за демократијата и не е добро од аспект на бизнисот, посочи Манчевски.

Вонредната состојба поради коронавирусот првично беше прогласена на 18 март, по што беше донесена уште една одлука за нови 30 дена, ќе заврши в сабота. Двете одлуки на претседателот Пендаровски за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Би можело да ве интересира

Украина од полноќ во вонредна состојба

А1он

Австралиската држава Викторија уште шест месеци во вонредна состојба

Жарко Настоски

Претседателот Пендаровски ги прати одлуките за прогласување на вонредна состојба до Собранието на потврдување

Жарко Настоски

Завршува осумдневната вонредна состојба, од среда стартува изборната кампања

Ана Ололовска

Прогласена осумдневна вонредна состојба, институциите и партиите се подготвуваат за избори на 15 јули

Ана Ололовска

Почнува нова вонредна состојба која ќе трае осум дена

А1он