Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска упати писмо со сочувство до претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, по повод трагедијата која се случи за време на Бостонскиот маратон, соопшти претседателскиот Кабинет.
– Со голем шок и длабока загриженост ја примив веста за трагедијата која се случи на Бостонскиот маратон. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани. Сакам да знаете дека во таа ваша мисија против ваквите злосторнички акти кои шират страв и од кои никој и никаде не е безбеден, во Република Македонија имате искрен партнер, стои во писмото.
Господине претседател, нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите и повредените. Ве молам, изразите на длабоко сочувство и нашата солидарност да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите, се вели во писмото од Иванов до американскиот претседател Обама.