Тим на Дирекцијата за заштита и спасување, специјализиран за спасување од планина заедно со припадници на МВР рано изутрина почнаа акција за потрага по лице на возраст од 85 години, откако вчера е пријавен за исчезнат во околината на Тумбе кафе и местото викано Сива.
Дирекцијата за заштита и спасување соопштија денеска дека покрај тимот за спасување од планина, во потрагата по исчезнатото лице вклучи и дронови. Акцијата е во тек.