Трамп се надева на вакцина до крајот на годината

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се надева на вакцина против коронавирусот до крајот на годината, а за нејзина дистрибуција, како што рече, ќе се потпре на армијата, а предност во вакцинирањето ќе имаат постарите Американци.

– Знаете дека давањето на оваа вакцина е огромна работа. Нашата армија моментално се мобилизира и на крајот на годината ќе можеме да ја дадеме на голем број луѓе многу, многу брзо, рече Трамп во интервју за Фокс Бизнис.

Трамп изрази уверување дека вакцината ќе стане достапна до крајот на годината и дека американската војска и другите сили ќе бидат мобилизирани во согласност со таа претпоставка.

Иако засега нема вакцина против коронавирусот, Белата куќа има поставено цел да произведе 300 милиони дози на ваква вакцина до крајот на оваа година, додека истакнатиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи смета дека е неостварлива идејата бидејќи таа ќе биде достапна до есен, кога ќе започне наставата во училиштата и на факултетите.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари