Ограбена пошта во Охрид, разбојникот приведен по неколку часа

Од:

Филијала на „Македонски пошти“ во Охрид била ограбена утрово, при што, се уште не е утврдено колку средства се одземени. По неколку часа, од страна на охридската полиција е приведено едно лице, кое се сомничи дека бил извршител на грабежот. Настанот го потврдуваат од СВР Охрид.

„Има таков настан, пред од прилика еден час е приведено лице кое се сомничи дека извршило разбојништво во пошта во центарот на Охрид. Се работи за едно лице. Во моментов се преземаат сите дејствија за расветлување на случајот, како и на тоа, што е украдено при извршувањето на делото“, велат од СВР Охрид за „А1он“.

По расветлувањето на случајот и утврдување на деталите на грабежот, СВР Охрид најави подетални информации за настанот.

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Лувр е повторно отворен

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник