Управниот суд се уште решава по приговорите на СДСМ

Од:

Управниот суд се уште ги разгледува приговорите поднесени од СДСМ за вториот круг од Локалните избори на избирачки места во 15 општини. Рокот за одлучување по овие приговори завршува вечер во 21:30 часот.

СДСМ поднесе 60 приговори за гласање во 15 општини, но најголем дел од забелешките се однесуваат на општините Скопје, Бутел, Берово, Карбинци, Велес и Ѓорче Петров.

Вториот круг од локалните избори ќе се прегласува на 29 избирачки места во скопската општина Центар каде на гласање треба да излезат 22.939 избирачи запишани во Единствениот избирачки список, како и на девет избирачки места во Струга каде се запишани 7.885 гласачи. Управниот суд вчера прифати 32 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Центар, и седум за Струга. Претходно Државната изборна комисија (ДИК) прифати два други приговори за Струга.

Во општина Центар, Андреј Жерновски, кандидат на коалицијата „Сојуз за иднината“ имаше 981 глас повеќе од кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ.

Во Струга, пак, Зијадин Села од ДПА, поддржан и од ДУИ доби 20.770 гласови, додека кандидатот на коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Владимир Кочоски 15.276.

ДИК сеуште ги очекува официјалните одлуки на Управниот суд по што треба да одржи седница на која ќе ги објави избирачките места за граѓаните да знаат каде ќе се прегласува вториот круг од локалните избори во недела.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“