Кафулињата во полн ек на подготовки: Се чисти и се местат терасите за првите гости

Од:

Кафулињата во полн ек на подготовки за отворањето по најавата дека од следната недела може да работат. Менаџерите на рестораните и кафулињата, заедно со вработените, ги чистат и дезинфицираат подовите, прозорците, ги разместуваат столовите и масите, кои, според нивни сознанија, треба да бидат поставени на растојание од два метра. Некои од кафеџиите поставуваа метални конструкции на терасите покрај кејот на Вардар, ги бојадисуваа оградите, ги чистеа бавчите и го менуваа инвентарот, каде што ќе седат гостите.

„Пред да почнеме со работа потребно е да се исчисти и дезинфицира сè – од самиот простор до опремата и приборот за јадење. Имаме многу работа до пречекот на првите гости затоа што кафеаната не работела речиси 2 месеца. Масите ги поставуваме на растојание од два метра според протоколите за работа“, изјави за „А1он“ менаџер на еден скопски ресторан лоциран покрај кејот.

Угостителите велат дека набавиле средства за дезинфекција и заштитна опрема за вработените и се подготвени да работат по препораките.

„На почетокот ќе биде чудно, но ќе се навикнеме. Можеби не е природно во кафуле да седите со маска, а келнерот што ве послужува, да носи визир, но се надевам дека гостите ќе имаат разбирање. Епидемијата удри силно врз оваа гранка и ќе мораме некако да ја надминеме состојбата. Што се однесува до дезинфекцијата на масите по секој гостин, тоа е прифатливо затоа што ние тоа го правевме и пред коронавирусот“, вели друг угостител.

Угостителите велат дека луѓето не би требало да се плашат да влезат во рестораните, туку, напротив, едвај да чекаат да седнат на кафе-дружба со блиските и пријателите.

„Не би требало луѓето да се плашат ако веќе нема опасност од епидемијата и ако се почитуваат мерките. Можеби ќе биде проблем доколку биде дозволено на една маса да седат до четири лица, а дојдат петмина. Но, тие мерки ќе важат за сите“, додава сопственик на ресторан во Дебар Маало.

Отворањето на угостителските објекти ќе оди етапно, на почетокот ќе се отвораат терасите, а потоа и затворените простории.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on