„Аерофлот“ спонзор на Манчестер Јунајтед

Од:

Руската државна авио-компанија „Аерофолт“ ќе биде нов голем спонзор на премиерлигашот Манчестер Јунајтед. Договорот меѓу лидерот и со голема веројатност идниот шампион на Англија и „Аерофлот“ ќе биде потпишан на лето.

Во јавноста не се објавени детали околу висината на сумата која што ќе ја добие Манчестер, но спонзорство на овој гигант во европскиот фудбал, значи издвојување на неколку десетици милиони фунти годишно.

Мнозинскиот сопственик на компанијата е руската влада, а „Аерофлот“ ќе го наследи „Туркиш Ерлајнс“, компанија која е официјален авиопревозник на тимот од „Олд Трафорд“.

Договорот ги обврзува фудбалерите на Манчестер Јунајтед да ги користат услугите на компанијата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска