Србија на 1 јуни ќе ги отвори границите за четири земји од регионот, меѓу кои и Северна Македонија, објави „Блиц“.
„Освен со нашата земја, Србија ќе ги отвори границите и со Албанија, Босна и Херцеговина и со Црна Гора“, навел изворот на „Блиц“.
Ваквата одлука е донесена поради тоа што ниту една од овие држави не била жариште на коронавирусот. Одлуката пред сè е донесена поради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои ќе циркулираат меѓу трите земји.