Мицкоски на лидерската побарал датумот за избори да се утврди со консензус

Од:

На лидерската средба во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обидел да избегне дискусија за датумот на зборите, но подоцна во текот на разговорите барал токму датумот за избори да се утврди со консензус, велат за „А1он“ извори присутни на средбата.

Мицкоски рекол дека има доверба во Комисијата за заразни болести и во техничкиот премиер.

Лидерската средба почна во 13 часот и се уште трае. Се разговара за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19.

Лидерите исто така се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.

На средбата беа поканети претседателите нa политичките партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.
Пред почетокот на средбата министерот за здравство Венко Филипче на прашање за датум за изборите рече дека ни следи мирен период во однос на коронавирусот, а сликата наесен дополнително може да ја искомплицира сезонскиот грип.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Ова нема така да заврши, лично ќе го следам овој случај

(ВИДЕО) Мицкоски: Законот за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“ ќе биде ставен на јавна расправа

Поради Мицкоски, Македонија ги загуби европските пари од ИПА за пругата, тврдат од СДСМ

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид