Според информациите на Амбасадата на Србија во Вашингтон, нема податоци дека во бомбашкиот напад во Бостон меѓу жртвите или повредените има државјани на Србија.
-Амбасадата организира дежурства и ја набљудува состојбата, соопшти дописник на „Танјуг“ од Вашингтон.
Свештеникот од Православната црква во Бостон, Александар Влајковиќ изјави дека српски државјани не учествувале на маратонот.
Елена Георгиевска