Обвинителството бара притвор за маж oсомничен за убиство на жена со која живеел

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 10 мај, во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков“, при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи. Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека осомничениот би можел да ги скрие трагите на кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог