Русковска: Денешните сведоци покажаа дека протестите „За заедничка Македонија“ биле директно организирани од ВМРО -ДПМНЕ

Од:

Премиерот Оливер Спасовски и Антонио Кочков на 13 мај ќе бидат повикани да сведочат на рочиштето во кое се обвинети поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, дека се организатори на насилствата од 27 април во Собранието.

Денеска во Кривичниот суд сведочеа Михаил Младеновски и референтот за систем и гласање во Собранието Сашко Коцевски.

Обвинителката Вилма Русковска по рочиштето изјави дека сведочењето на Младеновски ја покажува инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полицја, односно структурите во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање. Додека од сведочењето на Коцевски, рече таа, дека може да се заклучат два апсекта.

– Прво, дека протестите под мотото „За заедничка Макеоднија“ биле директно организирани од политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, а исто така не толку, за дали требало да му даде збор на Зекири Ибраими или на некој друг, колку што ме интересираше, односно сакав да слушне и јавноста и судот, дека во моментот можел Трајко Велјановски да го исклучи мониторот на говорницата кога тогашниот пратеник Зекири Ибраими започнал да ја пее албанска химна, појасни Русковска.

Адвокатот на тројца од обвинетите Еленко Миланов пак вели дека несериозно е сведокот Коцевски кој бил дипломоиран педагог да толкува деловодник.

– Вториот сведок според неговите генерали е дипломран педагог којшто во својата струка постапува со деца во претшколска и осмолетка и тој остана да толкува деловник, што сметам дека е сигурно несериозно. Овој сведок не потврди дека можел да исклучи, затоа што самиот претседател може тоа да го исклучи од 2017, а до 2017 односно пред овие настани тоа можело да биде само преку компјутерскиот центар. Сметам дека апсолутно времетраењето на пеењето на Зекирија, сознанијата што е и како е не дозволувало таква рекација и со тоа сметам дека ништо не се потврдува, истакна Миланов.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески