СДСМ: Потонати се лагите на ВМРО-ДПМНЕ, Кичеец извршувал наредби од Мицкоски

Од:

„Христијан Мицкоски упорно бега од вистината. Тој знае дека вистината им ги демантира сите лаги кои ВМРО-ДПМНЕ ги наметнува како начин на политичко дејствување.

Мицкоски ја криеше вистината од јавноста дека е соработник и наредбодавец на Зоран Милевски Кичеец, кој како послушен партиски извршител бил еден од клучните теренски играчи на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа јасно се слуша на објавените аудио снимки.

Тој не само што е поврзан со Кичеец, туку вистината открива дека имале состаноци и тесна соработка за лични и партиски интереси. Ова е факт што не може да го сокрие ниту една лага на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„Мицкоски изјави дека самиот ќе се пријави во затворот Шутка доколку се открие негова поврзаност со обвинетите во случајот „Рекет“. Сега постојат сериозни наводи дека главен извршител на Мицкоски бил Милевски, кој пак во судница го призна кривично дело во случајот „Рекет“.

Додека се уште се подготвува за сопственото пријавување во Шутка Мицкоски треба да каже дали со своите лаги сакаше да ја сокрие неговата поврзаност со Кичеец и Орце Камчев и дали на средбата со Кичеец од која излегоа снимки договарале и други работи?

Мицкоски е фатен жив во сопствените лаги и никој и ништо не може да му помогне да се ослободи од нив.

Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за случајот познат како „Рекет“ се потопени. Станува се појасно дека овој случај води кон белиот дворец“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните