Изабела Силва, сопруга на дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Тиаго Силва, зборуваше за иднината на нејзиниот сопруг.
– Тијаго е многу приврзан кон ПСЖ, навивачите на клубот и Франција. Без оглед дали неговата авантура во ПСЖ ќе продолжи или не, ние ќе се вратиме во Париз за да ги видиме повторно нашите пријатели.
Но, би било убаво да останеме овде. Го сакаме овој клуб, град, земја. Нашите деца пораснаа овде, ние би сакале да го продолжиме животот во Париз, изјави Изабела Силва за „Goal.com“.
За потсетување, тековниот договор на Бразилецот со ПСЖ истекува на 30 јуни 2020 година.