Благоја Милевски повторно е назначен за шеф на стручниот штаб на најторфејниот македонски фудбалски клуб.
Тој на тренерското место на Вардар доаѓа на местото на Никола Илиевски-Џиџи кој во саботата по поразот од Пелистер поднесе оставка.
Милевски беше предводник на „црвено-црните“ во есенскиот дел од сезоната кога заврши на првата позиција и неочекувано беше сменет, а на негово место тогаш дојде Илиевски.
– Не очекува консолидација и многу работа во обидот да се вратиме на патеките на успехот. Во екипата се истите играчи кои ја освоија шампионската титула и со една мобилизација на сите сегменти во клубот резултатите нема да изостанат.