Од Грција за Велика Британија ќе заминат 16 деца бегалци без придружба и 34 возрасни лица

Од:

Во рамките на Даблинската конвенција, политиката на грчката Влада и европскиот план за релокација, утре, од Грција за Велика Британија ќе заминат 16 деца бегалци без придружба и 34 возрасни бегалци за обединување со нивните семејства.

Заминувањето е закажано за утре наутро од атинскиот аеродром со специјален лет на грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, а во присуство на алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос, амбасадорката на Велика Британија во Атина Кејт Смит и специјалната секретарка од грчката Влада за заштита на деца бегалци без придружба Ирини Агапидаки.

Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, со истиот авион со кој бегалците ќе стигнат во Велика Британија, на враќање ќе се репатрираат 130 Грци од Лондон кои останаа заглавени поради рестриктивните мерки за време на пандемијата.

Во рамките на европскиот план за релокација на 1.600 деца бегалци без придружба од Грција во европските земји, досега заминаа 12 деца за Луксембург и 50 за Германија, а планирано е во следниот период Финска да прими 100 деца бегалци без придружба, а од Грција за Швајцарија да заминат 22 деца.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија