Негативен тест за Ковид-19 направен пред летот за Грција, предуслов за патување во земјата

Од:

Тест за Ковид-19 направен до 72 часа пред полетувањето за Грција; во авионите од, кон и во Грција нема да има празни седишта меѓу патниците; заминување од земјата без ново тестирање; „хотел карантин“ во секој туристички регион во случај да се појави позитивен случај, се дел од деталите од предлог-протоколите на Министерството за туризам на Грција, кои министерот Харис Теохарис ги претставил, говорејќи на видеоконференциски настан со претставници на подмладокот на Нова демократија.

Сепак, не станува збор за конечната верзија на здравствените протоколи, кои што се изработени во соработка со експертската комисија за заразни болести од Министерството за здравство на Грција, туку се предлози на Министерството за туризам доставени до туристичките организации, федерации и здруженија во Грција, кои можат да дадат нивни коментари, предлози и слично и мерките да претрпат промени, за до крајот на следната седмица да бидат финализирани, а конечниот збор ќе го има грчкиот премиер.

Според она што го открил министерот за туризам, за еден странски турист, авионски да пристигне во Грција, ќе треба најдоцна во последните 72 часа пред патувањето да има потврда дека не е заразен со новиот коронавирус, а без негативен тест нема да може да се качи во авион. Додека пак, по завршувањето на одморот, туристите ќе заминуваат без никаква контрола, за да не мора, во случај тестот да е позитивен, да бидат во карантин во Грција.

Во однос на авионскиот превоз, како што објавија медиумите, летовите од, кон и во внатрешноста на Грција ќе бидат со полн капацитет, односно нема да има празни седишта меѓу патниците.

Министерството за туризам на Грција, во секој туристички регион во земјата ќе најми објект што ќе има функција на „хотел карантин“, каде што би се пренесувале туристите, доколку се констатира дека се заразени со новиот коронавирус.

Секој хотел или туристички објект ќе биде обврзан да склучи договор со лекар, кој ќе биде надлежен да одлучи дали ќе биде тестиран туристот, доколку се појават симптоми на Ковид-19. Резултатите од тестот би биле готови најдоцна до шест часа, а ако туристот е позитивен, ќе биде пренесен во „хотелот карантин“.

Во хотелите нема да има шведска маса, додека пак лежалките на плажите ќе бидат проретчени и ќе имаат покривка за една употреба што ќе се менува за секој посетител.

Министерот за туризам на Грција, на видеоконференцискиот настан со подмладокот на Нова демократија, според грчките медиуми, најавил билатерални договори со одредени земји, а како пример ги споменал Бугарија, Израел и Кипар.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски