Италијанските опозициски партии поднесоа иницијатива за изгласување недоверба на министерот за правда, Алфонсо Буанфеде, кој е изложен на жестоки критики заради ослободувањето од затвор на 376 припадници на мафијата заради ризикот од инфекции со коронавирус.
Италијанските судови уште на почетокот на епидемијата ослободија стотици постари мафијаши, кои страдаат од хронични заболувања, затоа што се „изложени на ризик од компликации во случај на инфекција со Ковид-19“, пренесе „Гардијан“.
Обвинителите, анти-мафијашките здруженија и партиите протестираа против ова одлука, плашејќи се дека мафијашките „босови“ можат да ја искористат кризата со пандемијата за да бидат ослободени.
Иако Бонафеде минатата недела објасни дека владата не донела одлука за ослободување на мафијаши и повика на нови правила за повторно разгледување на нивното ослободување и префрлање во куќен притвор, опозициските партии на десниот центар ја почнаа иницијатива за изгласување недоверба на министерот.
Бонафеде, член на движењето „Пет ѕвезди“, изјави дека овој потег значи „поткопување на довербата во борбата против корупцијата и против мафијата и реформите што ги скратија и ги направија судењата поефикасни“.