Филипче за верскиот собир во Струга: Секое неодговорно однесување може да нè врати на почеток на кризата

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче повторно побара детална истрага во врска со масовното присуство на граѓани на литијата одржана на 7 мај, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија во Струга.

Тој рече дека собирот во Струга претставува непочитување на здравствените работници, кои два и пол месеци пожртвувано работат за што побрзо да се излезе од кризата предизвикана од коронавирусот.

„Ова е непочитување и кон граѓаните кои се придржуваа мерките, бидејќи од првиот момент повикуваме на граѓанска солидарност во заштита на индивдиуалното и колективното здравје. Најостро ги осудувам сите кои не ги почитуваат мерките и очекувам темелна истрага за собирот на граѓаните вчера во Струга. Институциите мора да ги санкционираат прекршителите, за во иднина да се спречат вакви прекршувања“, додаде Филипче.

Филипче утрово разговарал со реисот на ИВЗ и со поглаварот на МПЦ, и на двајцата им посочил и побарал да се придржуваат до мерките во интерес на здравјето и да не организираат собири на верниците.

„По информацијата која денеска ја објави ИВЗ со која информираше дека на 12 мај се отвораат џамиите сакам да повторам дека се уште е на сила забраната за групирање на повеќе од двајца луѓе. Апелирам до верските заедници и до сите останати да спречат било каква организација или групирање на своите поддржувачи додека овие мерки се на сила. Секое неодговорно однесување на поединци или на групи може да не врати на почеток на кризата и ќе се рефлектира не само врз здравствениот систем, туку на целата држава“, рече Филипче.

Струшкото обвинителство денеска отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи, а во врска со масовното присуство на граѓани на литијата одржана на 7 мај, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија.

Обвинителството предметот го насочи кон организаторите, а не кон полицијата која вчера ја обезбедуваше поворката, а преносот одеше директно на интернет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформи нема, Македонија губи време, власта врши притисок на судството

Катерина Ѓуровски

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време