Владата бара итно санкционирање на одговорните за настанот во Струга и прославата на Денот на полицијата во Скопје

Од:

Владата најостро го осудува организирањето на верскиот настан во Струга и организирањето на прославата за Денот на полицијата во Скопје и бара итно да се лоцираат и казнат одговорните.

– Организирањето на овие настани во услови на пандемија значи свесно кршење на забраните за јавни собири, и е резултат на крајно неодговорни одлуки кои се закануваат да ги доведат во ризик и прашање сите ефекти и резултати што беа постигнати во спречувањето на ширењето на коронавирусот, велат од Владата.

Најавуваат дека на денешната итна седница ќе бидат разгледани можните последици од настанот во Струга и согласно препораките на Комисијата за заразни болести ќе се преземат соодветни мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга и на регионот и за можното прелевање на ризиците во други делови на земјата.

Во соопштението од владината прес-служба се посочува дека настанот во Струга и поширокото подрачје во тој регион биле зони на нагласено присуство на закани од пошироки размери од коронавирусот и оти вчерашниот настан може да предизвика сериозни последици и да го подигне степенот на ризик по јавното здравје.

– Владата на Република Северна Македонија ги повикува Министерството за внатрешни работи и обвинителството итно да лоцираат конкретна одговорност во рамки на сите институции и чинители кои имале каков било удел во организирањето или неспречувањето на овие настани. Владата го повикува министерот Чулев да престане со чекорите со кои го загрозува јавното здравје и да преземе одговорност, се нагласува во соопштението.

Од Владата потсетуваат дека во комуникацијата со верските заедници било договорено сите настани од верските календари да бидат прилагодени на вонредната состојба. Очекуваат и бараат и од МПЦ и од ИВЗ, да не преземаат никакви следни чекори за организација на какви било собири од верски карактер, се додека се на сила забраните и мерките за заштита на здравјето.

– Воедно, укажуваме на сите надлежни и одговорни лица во земјата кои од било каква причина би се осмелиле да организираат слични настани, дека ваквите дејствија можат да значат ширење на епидемијата за што се одговара согласно Уставот и законите, децидни се од Владата.

Уште еднаш апелираат до сите граѓани, институции и организации да се придржуваат до мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он