Поранешниот британски автомобилистички ас Стирлинг Мос (83) изјави дека жените „немаат ментална квалификација“ за да може да се натпреваруваат во трките за Формула 1.
Во прилог на своето тврдење Мос потсетува дека досега само пет жени се натпреварувале во некоја гранд-при трки и само една од нив има освоено еден бод.
– Не знам колку жените може да учествуваат во едни волку тешки и опасни трки кои бараат огромен напор и издржливост од натпреварувачите, изјави Мос во интервју за радио Би-Би-Си.
Сопственикот на Формула 1, британскиот милијардер и поранешен авто-пилот, Берни Еклстон не се согласува сосема со некогашниот прославен натпреварувач Мос, но тој „не гледа реална шанса“ некоја жена во блиска иднина да му се приклужи на овој спорт.
– Нема причини зашто жените не би можеле да се натпреваруваат со мажите, но за жал, не можам да замислам, една жена, кога било, да добие шанса да вози за „Ред Бул“ или за „Ферари“, изјави Еклстон.
Италијанката Лејла Ломбарди беше најпознатата жена во овој спорт, затоа што во седумдесетте години на 20 век учествуваше во 12 трки, но без освоени бодови. Последната жена-возач во Формула 1 беше Џована Амати која во сезоната 1992, учествуваше во три трки, но не успеа ниту еднаш да се квалификува за финалното возење.
Сега, најуспешна во мото спортот е Американката Даница Патрик. Таа се натпреваруваше во Нас-кар, каде еднаш има освено пол позиција, како и во трката во Дајтона.