Тренерот на Сандерленд, италијанскиот стратег Паоло Ди Канио веќе нема да може да смета на панталоните кои ги уништи при прославата на головите со кои неговата екипа вчера оствари важна победа против Њукасл во борбата за опстанок.
Сандерленд победи со 3:0, а Ди Канио во свој стил го прокоментира шоуто кое го приреди крај аут линијата.
– Ова е втор чифт панталони кои ги уништив на ваков начин. Би сакал секој викенд да уништувам и други, иако да бидам искрен така ќе ги загубам сите пари. Сакав да одам и чекор понатаму, но престар сум за тоа, изјави 44-годишниот тренерот на Сандерленд.