Откако на скопскиот плоштад пристигна рингишпилот, со реакција се јави и невладината Плоштад Слобода.
– Очекуваме Жерновски да не дозволи продолжување на сулудиот проект Скопје 2014 и да го отстрани рингишпилот што поскоро. Во овој случај не може да има „повредени“ национални чувства, непочитување на идентитетот и слични небулозни обвинувања од непостоечки организации на поддржувачи на Скопје 2014. Ова е дивоградба и таа мора да се отстрани – велат од организацијата.
Веднаш откако беше поставен рингишпилот, се појавија и многу реакции, критики и исмејувања и на социјалните мрежи.