Горна Република Македонија е името кое ќе го замени ФИРОМ во наредните најмалку 7 до 8 години колку што ќе траат преговорите за членство во ЕУ, стои во најновиот предлог за решение на името до чии детали дојде НОВА од дипломатски извори инволвирани во преговорите.
Како што пишува порталот, предлогот на медијаторот Метју Нимиц, предвидува името Горна Македонија да се користи додека траат преговорите за членство.
Процесот би требало да се реализира во неколку фази:
-Двете страни даваат согласнот за компромисното решение. Во случајот тоа е Горна Република Македонија, предлог на кој инсистира македонската страна наспроти желбата на Грција географската одредница да се наоѓа пред Македонија, а не пред Република, односно Република Горна Македонија. За возврат, Грција добива гаранции дека името ќе биде внесено во уставот.
-Двете страни се откажуваат од разговори околу тешките идентитетски прашања околу називот на нацијата и јазикот. Штом ваков договор биде постигнат, Горна Република Македонија влегува во употреба секаде каде што сега се користи ФИРОМ.
-Грција дозволува Македонија со ова име да влезе во НАТО и да започне преговори за членство во ЕУ. За возврат, Македонија во Уставот внесува амандман во кој пишува “Од денот кога Република Македонија ќе стане членка на Европската Унија меѓународното име на земјата ќе биде Горна Република Македонија и ќе се употребува erga omnes на сите јазици, освен на официјалните јазици на земјата”.