СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шират лажни вести и ја злоупотребуваат здравствено-економската криза во оби за политичко профитирање

Од:

„Наместо, во време на сериозна криза да застане на страната на граѓаните и нивното здравје, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски шират лажни вести и го користи моментот за партиска и лична промоција.

Прво се потсмеваа со кризата, потоа лажеа и ги плашеа граѓаните дека здравствениот систем не е подготвен за кризата и дека има само 100 тестови за вирусот, а вистина е дека се направени илјадници тестови“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека имало 140.000 граѓани кои останале без работа и неосновано ширеше паника. Вистина е дека без работен ангажман останале околу 8.000 вработени.

Со вакви лаги и деструктивно, неодговорно и несолидарно однесување ВМРО-ДПМНЕ сам си го трасира патот до пораз на изборите.

Граѓаните знаат дека СДСМ вистински и посветено се грижи за нивното здравје и за иднината на државата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on