Доживотен затвор за обвинетата од Дебар која ги уби родителите и малолетната сестра

Од:

Доживотна казна затвор доби обвинетата Б.П. од Дебар која на 26 август 2018 година во семејната куќа ги уби родителите и малолетната сестра.

Пресудата ја донесе Основниот суд во Гостивар, а Б.П. е осудена на доживотен затвор за три кривични дела – убиства.

Еден од обвинетите кој и помагал на обвинетата е осуден на 10 години затвор, а за другиот обвинет е изменето кривичното дело и по одлука на судот, постапката за него ќе продолжи за сторено кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Гостиварското обвинителство е незадоволно од одлуката на судот за двајцата обвинети кои го помагале извршувањето на убиството и се најавува жалба на пресудата.

Доживотната казна затвор за сега осудената Б.П. следи по сеопфатната истражна постапка во која Обвинителството обезбеди докази, а со кои во текот на судењето докажа дека таа во семејната куќа во Дебар, пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, осудената телефонски контактирала со второосудениот и се сретнала со него во Гостивар. Тој изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми. По извршувањето на кривичното дело, осудената се упатила во Струга, каде се сретнала со второосудениот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар, по што таа со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Италија.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Паника во Русија, убиец излегол на слобода и никој не знае каде е

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско