Џиро д’Италија ќе стартува на 3 октомври

Од:

Велосипедска Обиколка на Италија ќе започне на 3 октомври годинава, соопшти Меѓународната велосипедистичка федерација (ЈСП).

103-тото издание на трката требаше да се одржи од 9 до 31 мај, но беше одложено поради пандемијата од коронавирус.

По презакажувањето, трката ќе започне од унгарскиот главен град Будимпешта, при што учесниците ќе поминат речиси 3.580 километри до финалето во Милано на 25 октомври.

Ова значи дека годинашниот Џиро ќе се совпадне со шпанската Вуелта, која ќе се одржи од 20 октомври до 8 ноември.

Првата од трите најголеми турнеи – „Тур де Франс“, ќе се одржи од 29 август до 20 септември.

Натпреварите по велосипедизам на автопатишта беа прекинати во средината на март поради пандемијата, а сезоната ќебиде обновена на 1 август.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски