Сити – Виган во финалето на ФА Купот

Од:

Екипите на Манчестер Сити и на Виган ќе играат во финалето на ФА Купот. Ова е епилогот по одигрувањето на денешното полуфинале во кое Манчестер Сити го победи Челзи со 2:1.

На „Вембли“ во Лондон пред околу 85 илјади гледачи Сити поведе со 2:0 со головите на Самир Насри (35.минута) и Серхио Агуеро (47), а голот за „сините“ од Лондон го постигна Демба Ба во 66.минута.

Вчера на првиот полуфинален дуел одигран исто така на „Вембли“, Виган со 2:0 го победи Милвол. На истиот стадион ќе се одигра и финалната средба која е закажана за 11 мај.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска