Секако следната недела ќе ја укинеме вонредната состојба, а во среда, на Ѓурѓовден, ќе се оди во Собранието со тој предлог потпишан од мене и од премиерката, изјави вечерва претседателот на Александар Вучиќ во гостувањето на ТВ Пинк.
Ова би значело, додаде тој, дека четврток би бил првиот ден без полициски час во Србија, по почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Вучиќ рече дека пресудни биле два услови за укинување на полицискиот час.
„Едниот е дека седум дена имаме под пет проценти смртни случаи и друг дека имаме значително намалување на бројот на лица на респиратори. Сите овие мерки беа начин да ги заштитиме луѓето, нашите родители, младите“, рече тој.
Вучиќ ги пофали лекарите, заслужни за борбата против коронавирусот и рече дека Србија успешно се борела против заразата.
„Србија беше предодредена да биде како Италија, но успешно се боревме. Државата се покажа како сериозна и оперативна“.
Тој додаде дека епидемијата нанела тешки економски последици врз државата, но дека „ќе бидеме најдобри во Европа“.
„Србите се смејат на тоа, ама јас ви гарантирам, ќе имаме раст од над пет отсто“, вели Вучиќ.