Работниците се силата на државата од кои зависи заедничкиот напредок, порачува Царовска

Од:

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска им го честита 1 Мај на сите граѓани, порачувајќи дека работниците се силата на државата од кои зависи заедничкиот напредок.

– Наша одговорност како политичари е да направиме се и да ви обезбедиме подобри услови за работа. Јас никогаш нема да се откажам од овие цели. Борбата за достоинствена работа никогаш не запира и таа е вечна. Сега, за жал, оваа борба е потешка од било кога. Се соочуваме со голема здравствена и економска криза каде први на удар сте вие работниците. Свесна сум за стравовите со кои се соочувате. Знам дека многу од вас чуствуваат несигурност. Несигурност за своето здравје, страв за своето работно место и за својата иднина, вели Царовска.

Најавува дека ќе продолжи воспоставената пракса на градење социјален дијалог меѓу работодавачите, работниците и институциите.

– Денес сакам да ве уверам, дека ќе направиме сѐ да ви помогнеме и да ве заштитиме во овие бурни времиња. Ќе се бориме за вас и заедно ќе пребродиме, истакнува Царовска во првомајската честитка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Улични војни“ во светските градови: Протестите ескалираа, полицијата употреби сила

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

“Сакам да работам“ со честитка за 1 мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај