Синдикати и здруженија на граѓани бараат мерки за заштита на работничките права

Од:

Синдикати и здруженија на граѓани денеска упатија првомајски проглас во кој бараат преземање на мерки кои ќе ги заштитат работниците.

Бараат да не се дава финансиска поддршка на фирми кои ќе отпуштаат работници за време на кризата, да се донесе уредба со која платите на работниците нема да може да се намалуваат повеќе од 20 проценти и паричен надоместок да земаат и лица на кои им престанал работниот однос спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината.

Во прогласот се бара и заштита на пекарските работници, односно и за нив да биде обезбедена финансиска помош од 14.500 денари, како и да се забрани пресметување на камати во време на криза.

Дел од барањата на синдиактите се и воведување на прогресивен данок на добивка, со стапка од 20 прценти на добивката која надминува еден милион евра и прогресивен данок на личен доход со стапка од 20 проценти за доход над 1.500 евра и 30 проценти за доход над 2.500 евра. Бараат да се воведе и данок од 30 процетни на исплатените дивиденди и да се поништи покачувањето на акцизите.

Синдикатите апелираат да престане анимозитетот кон јавниот сектор и квалификувањето на вработените во овој сектор како неработници, а од Владата да му помогне на претседателот на државата најитно да најде начин да продолжи со работа Собранието.

Синдикатите и здруженијата на граѓани бараат да бидат консултирани при подготовката на мерките кои се поврзани со нив и ниедна ваква одлука да не помине без нивна согласност.

– Работничките и работниците не молчат ниту во време на пандемија. И со маски, ќе бидеме гласни, се вели во заедничкиот првомајски проглас на дел од синдикатите и здруженијата на граѓани за заштита на работничките права.

Би можело да ве интересира

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници

А1он