Спасовски: Трудот на секој работник мора да биде ценет и од работодавците и од државата

Од:

Вонредната состојба и коронавирусот нема да не спречи да го славиме трудот на работничките и работниците затоа што тие се силата за развојот на нашето општество. Затоа креиравме мерки кои во врвот на приоритетите ги ставаат одржувањето на работните места и платите на вработените, истакнува премиерот Оливер Спасовски во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот.

– Оваа година Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, празникот на работничките и работниците, го славиме во вонредна состојба заради последиците што ги донесе економско-здравствената криза од коронавирусот. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места и затоа Владата на Република Северна Македонија го стави здравјето на сите граѓани на врвното место во борбата за справување со коронавирусот и веднаш донесе мерки за зачувување на работните места и за безбедноста при работењето, вели Спасовски.

Изразува благодарност за придонесот на работниците што и во услови на пандемија учествуваат во одржливоста на стопанството и виталните дејности на земјава.

– Овој вонреден напор, труд и ангажман на секој работник мора да биде ценет и од работодавците и од државата. Во име на Владата, им оддавам огромно признание на сите работници во земјата кои уште еднаш ни ја покажаа вредноста на трудот и на солидарноста. Посебна благодарност упатувам на здравствените работнички и работници, како и на вработените во полицијата и армијата, кои од првата линија на справувањето со кризата, ги создаваат условите да го уредиме нашето секојдневие во новата нормала и за напредок на нашата држава, наведува Спасовски во честитката.

Би можело да ве интересира

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници

А1он