Трамп тврди дека видел докази за тезата дека Ковид-19 произлегол од кинеска лабораторија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е убеден дека новиот коронавирус можеби потекнува од кинеска лабораторија, но одби да даде детали за можни докази за тоа. Со тоа, се засилија тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг околу потеклото на вирусот.

Трамп изјави дека видел докази што му дале „висок степен на увереност“ дека вирусот потекнува од Институтот за вирологија во Вухан.

– Да, да, видов, одговори Трамп на прашање дали видел докази за таа теза. Сепак, Трамп одби да открие детали.

– Јас немам право да го кажам тоа, рече американскиот претседател.

Институтот за вирологија Вухан ги отфрли тврдењата дека Ковид-19 е лабораториски направен кај нив. Таа можност ја отфрлија и американски претставници.

Канцеларијата на директорот за Национално разузнавање, од каде се координира мрежата од сите американски шпионски агенции, вчера потврди дека вирусот, кој се прошири низ целиот свет, не е создаден по вештачки пат или модифициран.

– Целата разузнавачка заедница постојано им помага на властите на САД и на тие кои водат битка со вирусот Ковид-19 кој се појави во Кина, се вели во соопштението на директорот на Национално разузнавање.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак