(ВИДЕО) Битиќи: Светска банка потврди дека Владата е посветена на создавање решенија за брзо опоравување од кризата

Од:

Владата од почетокот на пандемијата со КОВИД-19 активно работи на прибирање средства со кои ќе биде амортизиран ударот врз приходната страна на Буџетот и е посветена на создавање решенија за брзо закрепување од економските последици предизвикани од коронавирусот. Сетот на првите и вторите креирани мерки во суштина е насочен кон поддршка на приватната и јавната потрошувачка и раст на реалниот сектор, порача денеска советникот на премиерот Фатмир Битиќи.

Тоа, како што кажа на денешната прес-конференција во Владата, го потврди и Светска банка во најновиот Редовен економски извештај за земјите од Западен Балкан во кој се нотира дека нашата држава најдобро се справува со кризата предизвикана од коронавирусот во земјите од регионот.

-Навремената првична реакција на Владата беше многу важна за ублажување на ударот врз здравствениот систем со цел подготвено да се одговори на предизвикот кој со себе го донесе пандемијата. При креирањето на владините политики првенствено се водеше грижа за јавното здравство како врвен приоритет, но се презедоа и чекори за намалување на економските последици и за побезболно враќање во нормалниот ритам на животот, рече Битиќи.

Тој нагласи дека Светската банка во извештајот прогнозира дека земјите од нашиот регион ќе се соочат со рецесија и оти регионалниот раст на Западен Балкан се предвидува да биде меѓу минус три и минус 5,6 процентни поени.

-Според највновите проекции на Светската банка се проценува дека Република Северна Макледонија најдобро се справува со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот. А токму поради одмерените чекори на Владата ќе претрпиме најмала штета во регионот и се проценува дека нашата економија ќе забележи пад од 1,4 до максимум 3,2 процентни поени. Црна Гора се очекува да се соочи со пад од 5,6 проценти кој во случај на продолжување на пандемијата до крајот на летото би бил 8,9 проценти, Србија се проценува дека ќе има негативна стапка од 2,5 до 5,3 проценти, Албанија ја очекува негативна стапка од 5, односно 6,9 проценти, а Косово пад на БДП од 4,5 проценти до 11,3 проценти, посочи Битиќи.

Нагласи дека Владата прави максимални напори со директно вбризгување на ликвидност во економијата последиците од економско-здравствената криза да бидат колку што е можно помали преку мерките со кои се поддржува стопанството, пензионерите и земјоделците, кои, како што рече, се во насока на зголемување на потрошувачката која директно влијае на полнењето на Буџетот и растот на БДП.

Во одговор на прашање Битиќи рече дека првичната реакција на вчера донесените измени на уредбата за финансиска поддршка на компаниите беше избрзана, бидејќи со неа, како што кажа, само се подобрува претходната уредба во која имаше ваакум што ќе се случи ако работниците сами си отидат од компанијата или на оние што се на определено време им истекол договорот.

-Сметам дека оваа измена нема да биде директен удар и нема да ги поттикне компаниите да го намалуваат бројот на вработени, туку, напротив, ако компаниите продолжат да инвестираат во човечките ресурси нивната поддршка која сега ја добиваат може да стане грант. Ова е друг поттик кој во суштина компаниите треба да ги мотивира не само да ги задржат работните места, туку да продолжат да инвестираат во човечкиот капитал затоа што тоа е носечкиот столб на мноштвото од компаниите во Македонија, рече Битиќи.

Не е вистина, посочи, дека Владата стимулира отпуштање на работници од приватниот сектор, туку, напротив, креира мерки и овозможува доволно простор компаниите да ги задржат работниците и при тоа да не се нанесе колатерална штета на другите.

-Секако дека пандемијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени, но ние сакаме да го задржиме на минимум колку што е можно во надолна тенденција. Мерките што ги преземаме за поддршка на приватната и јавната потрошувачка и раст на реалниот сектор се умерени, но се насочени за долгорочни цели кои се добро обмислени и тоа цел свет го поддржува. И затоа и во третиот сет на мерки ќе гледаме да осигураме одредени средства во приходната страна, но во овој момент сме насочени кон расходната страна и на мерките кои им требаат на граѓаните и компаниите, бидејќи тие се тие генератори кои се директно на удар од пандемијата, рече Битиќи.

За одлуката на Уставниот суд да ја замрзне исплатата на минимални плати за избраните функционери Битиќи рече дека се следи што се случува и дека треба да седнат да разгледаат зошто таквата уредба не е прифатлива и што треба да се направи. – Во овој момет е во тек дискусија и ќе се продолжи со разговори дали и каква уредба би требало да биде најсоодветна ако евентуално дискусијата на Уставниот суд биде негативна следната недела, појасни Битиќи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер