Викендов во Првата македонска фудбалска лига на се играат шесте натпревари од 25. коло, а два од нив веќе се завршени. Тетекс освои бод на гостински терен против Напредок и веќе не е последен на табелата, барем 24 часа до одигрувањето на утрешните дуели.
Нерешено заврши и дербито на тетовскиот регион меѓу Шкендија и Ренова.
Постигнати се следниве резултати: Напредок – Тетекс 0:0 и Шкендија – Ренова 1:1.
Вечерва од 19 часот и 30 минути на Арената „Филип Втори“ во Скопје се игра вечното дерби на македонскиот фудбал Вардар – Пелистер.
За утре се закажани натпреварите: Металург – Силекс, Работнички – Брегалница и Турново – Дрита.
Табела: Вардар 46 бодови, Турново 44, Металург 44, Напредок 37, Работнички 36, Шкендија 36, Ренова 35, Брегалница 29, Дрита 27, Пелистер 26, Тетекс 20 и Силекс 19.