Вучиќ предлага поблаги рестриктивни мерки за празниците: Успеавме да ги спасиме српските граѓани

Од:

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, предлага поблаги мерки за претстојните првомајски празници – забрана за движење од утре од 18 часот до сабота до 5 часот наутро, изјави тој вечерва за РТС.

„Последните три дена се добри, имаме под 5 отсто заразени, ако ситуацијата продолжи да биде ваква, сè ќе биде полесно. Мораме да ја слушаме стручната јавност, епидемиолозите, лекарите. Наеднаш сите станаа експерти за коронавирус. Нашата работа е да ги слушаме експертите, а не политиката“, изјави тој.

Кризниот штаб треба да ги донесе конечните мерки. Вучиќ предлага пократок полициски час и забрана за групирање на повеќе од пет лица за време на празниците.

„Тоа ќе биде двојно пократок полициски час од она што многумина очекуваа“, рече тој.

Вучиќ додаде дека ако Србија го следела „шведскиот модел за справување со коронавирусот“, во Србија ќе имало околу 3.000 до 3.500 починати.

„Успеавме со одговорно однесување да ги заштитиме нашите луѓе. Граѓаните не видоа како изгледа вистинска криза како во најразвиените држави. Ништо не ни недостигаше и ја спасивме иднината на нашиот здравствен систем“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ